Бремената Хилари Свонк блесна на доделувањето на Златните глобуси (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

Актерката Хилари Свонк во октомври 2022 година објави дека на 49-годишна возраст ќе стане мајка на близнаци.

„Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест – ќе бидам мајка. Две деца доаѓаат, не ми се верува. Ова е голем благослов и апсолутно чудо“, рече таа во емисијата „Добро утро Америка“.

Оттогаш таа се нема појавено на ниту еден јавен настан, а посебно внимание привлече кога синоќа дојде на 80-тото доделување на наградите Златен глобус во придружба на нејзиниот сопруг Филип Шнајдер.

Хилари блескаше во долг зелен фустан и гордо го покажа трудничкиот стомак.

Ова е втор брак на актерката, а таа се омажи за Шнајдер во 2018 година.

Слични содржини