400
Пејачката Кејти Пери неодамна откри дека таа и актерот Орландо Блум очекуваат дете, а сега во страв од коронавирусот најави откажување од сите интервјуа и концерти, пишува Daily Mail.
Заедно со своите телохранители од Австралија таа се вратила дома откако цел ден била затворена во хотелска соба во Австралија.
Во авионот била забележана како со перница си го прекрива лицето и стомакот а потоа се качила на авионот за САД. Дискографската куќа на Кејти, во Австралија ги презела сите мерки на заштита поради сомнение дека двајца од нивните вработени биле заразени со коронавирусот. Сите вработени кои биле во канцелариите со нив, морале да одат со самоизолација.