Бремената Меган Маркл беше снимена во Монтесито, Калифорнија откако принцот Хари се врати од Велика Британија во САД.
Војвотката од Сасекс беше фотографирана со нејзиниот син Арчи во рацете. Меган носеше фармерки и црна маица која го истакнуваше нејзиниот голем стомак. Поранешната актерка треба да се породи ова лето, а носи девојче.
Меган не присуствуваше на погребот на принцот Филип, бидејќи нејзиниот лекар ја советувал да не патува поради бременоста, но извори откриваат дека таа се слушнала со кралицата и испратила цветен букет со посвета на дедото на Хари.
Хари се врати во САД неколку дена по погребот и не остана во Лондон дури и за неговата баба, 95-от роденден на кралицата Елизабета, кој беше во средата.
Уште откако парот ги напушти кралските должности и се пресели во САД, беше вистинска реткост да ги гледаме во јавност, па овие фотографии изненадија многумина. Фотографиите ги објави таблоидот Page Six.
