Ирина Шејк се појавува во полн сјај на корицата на јануарскиот број на списанието Vogue, Бразил. Руската убавица, која во моментов очекува бебе од холивудскиот актер Бредли Купер, е снимена од фотографот Џампаоло Сгура.
Веројатно сесијата со жешка бринета, инспирирана од сурфингмодата, е направена во текот на летото на 2016-та, бидејќи таа сè уште има супер рамен стомак кој сепокажува на голем дел од кадрите.
Купер и Шејк се верија тајно минатиот месец, а според блиски на двојката двајцата го очекуваат своето прво дете во пролет оваа година.
Ирина го покажа бремениот стомак за првпат на модна ревија на Victoria’s Secret во почетокот на декември. Ниту таа, ниту 41-годишниот Бредли сепак, не ги коментираа пред медиумите и јавноста најсреќните настани од личниот живот.
За сесијата 30-годишната Ирина позира во облека на Miu Miu, Balenciaga, Calvin Klein, Adidas, долна облека на Intimissimi и др.
Видетеги сликите на Ирина за изданието во галеријата.