„Бремените жени како приоритет да ја сфатат вакцинацијата“

од Берта Китинска
261 прегледи

Портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести Злате Мехмедовиќ во емисијата 24 анализа рече дека Комисијата при носењето на заклучоците се водеше по научните базирани докази.

– Бремените жени како приоритет треба сериозно да ја сфатат вакцинацијата за да го заштитат своето здравје, зошто бременоста е дополнителен ризик. Релевантните институции препорачуваат да има вакцинација особено на бремените жени да се превенира нивното здравје. Треба да се минимизира разикот на работното место за бремените и да бидат максимално заштитени. Од тој аспект беше разгледувано за воведување на ваквата мерка, но тоа не е дефинитивна одлука, туку препорака до министерот за здравство, рече Мехмедовиќ.

Досега во земјата се направени вкупно 1.874.917 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 294.407, бројот на оздравени пациенти е 279.695, на починати е 8.937 а бројот на активни случаи изнесува 5.775.

Слични содржини