Марина Туцаковиќ, која ги напиша текстовите за голем број рок, поп и фолк хитови во поранешна Југославија, почина на 68 години по долга битка со ракот на дојка. Нејзината состојба дополнително се влошила во изминатите денови откако се заразила со коронавирусот, кажа нејзиниот син Милан.
Тажната вест ја погоди Лепа Брена, која се прости од Марина преку нејзиниот профил на Инстаграм. Брена ги трогна сите со своите зборови за легендарната Марина.
– Што и да кажам за Марина е секогаш ќе боде малку. Си отиде нашиот текстописец нашата пријателка и другарка, која ја знаеше нашата душа што мислиме и чувствуваме.Нејзините текстови ќе останат како печат на едно време во кое го имавме најголемиот поет. Никогаш нема да се роди таква жена.Нека и е лесна земјата и нека не гледа сега од подобро место. Те сакаме, Марина, и секогаш ќе те сакаме и почитуваме, затоа што со нашите дела ги направи нашите животи подобри. Почивај во мир – напишала Брена.
Туцаковиќ ја почна кариерата на музички текстописец во 1980-ите преку соработката со групата „Зана“. Оттогаш, нејзините текстови придонесоа за успехот на многу естрадни ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Цеца, Северина, Оливер Мандиќ, Харис Џиновиќ, Жељко Самарџиќ и Неда Украден.
Туцаковиќ напиша и дел од хитовите на Тоше Проески, со кого ја почна соработката на албумот „Ако ме погледнеш во очи“ од 2002 година.