Поранешниот менаџер на Ливерпул, Брендан Роџерс поднел барање за раскинување на договорот
со сегашниот клуб Селтик и веќе постигнал принципиелен договор за тоа. Веста е на весникот
„Глазгов тајмс“, според кој тоа се случило во раните утрински часови денес.

Стручњакот беше поврзуван за главен фаворит да го преземе шампионот на Англија за 2016
година. Интересно е дека веднаш штом се појавија овие гласини, излезе и информацијата за
очекуваната наскоро разделба со „детелините“.
Во принцип, за да го ангажира, англискиот клуб мора да плати казна од 6,5 милиони фунти за
Шкотите. По се ‘изгледа дека тоа се случило и сега Брендан ќе патува кон јужните делови на
Островот, за да гопотпише договорот.
Тој го напушта Селтик на врвот на табелата, откако веќе го освои Лига Купот. Детелините имаат 8
бода пред Ренџерс на 11 кола пред крајот на шампионатот. Тие се, исто така, во четвртфиналето на
Шкотскиот куп, каде играат со Хибернијан.
Роџерс ќе го смени Клод Пуел. Ова е прво враќање за него во Премиер лигата, откако беше
отпуштен од Ливерпул во октомври 2015 година. Потоа се справи одлично со Селтик, но очигледно
повторно сака да се докаже во Премиер лигата