Брендот за интимна облека на Ким Кардашијан вреди повеќе од „Викторија Сикрет“, а уште не е излезен на берза

од Vladimir Zorba

Инвестициската фирма Wellington Management, која го предводеше последниот круг на финансирање на Skims, е позната по соработката со компании кои се подготвуваат да излезат на берзата. Други фирми-учеснички вклучуваат Greenoaks Capital Partners и постоечки поддржувачи D1 Capital Partners и Imaginary Ventures.

Skims, исто така, неодамна го ангажираше финансискиот директор Енди Муир, кој претходно работеше во Nike, а доведувањето на финансиски директор честопати е знак дека IPO е на пат.

И покрај несигурниот почеток на Skims, линијата се распродаде речиси веднаш по лансирањето во септември 2019 година, со „десетици илјади нарачки за неколку минути“, изјави претходно извршниот директор на компанијата, Јенс Грид. Од бренд за облека за обликување на телото, Skims се прошири во голем број други категории, вклучително и костими за капење, со планови да се прошири во машка облека и да отвори продавници оваа есен.

Круг по круг, вредноста на Skims продолжува да расте со побрзо темпо отколку што предвидуваше Волстрит. Во моментов, брендот е на пат да стане компанија вредна милијарда долари со стапка на раст од 100 проценти, иако постои само од 2019 година.

Skims

Skims

Годинава се очекуваат 750 милиони долари продажба, најави Грид. „Skims во одреден момент во иднина заслужува да биде акционерско друштво кое котира на берзата“, нагласи тој.

Нетото богатство на Ким Кардашијан се проценува на 1,4 милијарди долари. Таа и нејзините сестри Кардашијан и Џенер често се критикувани за нивната слава и влијание бидејќи станаа познати поради реалното шоу „Keeping It Up With The Kardashians“.

Сакале или не, нејзиниот успех не може да се негира, а Ким, покрај Skims, зад себе ги има и компаниите KKW Fragrance и KKW Beauty. Покрај тоа што моментално е успешен студент по право, а од неодамна и актерка, таа досега започна неколку бизниси, вклучувајќи игра за мобилни телефони и линии на персонализирани емотикони и производи за убавина. Таа, исто така, го лансираше брендот KKW Beauty во 2017 година, а неговите производи се распродадоа за помалку од три часа.

Таа почна да ја гради својата деловна империја уште пред да стане славна личност. Во средно училиште, таа препродаваше облека и чевли купени во продавници или оние избрани од нејзиниот плакар, а до 2006 година отвори продавница на мало наречена DASH во Калабасас, Калифорнија со нејзините сестри Кортни и Клои и ја промовираше во семејното реално шоу.

Слични содржини