Британскиот претприемач Ричард Бренсон денес ја исполни својата животна желба и полета до работ на вселената.
Нешто пред 17 часот, Бренсон тргна на пат кон вселената. Околу 17:30 часот, „Единство 22“ се оддели од станицата и леташе независно во вселената.
Неговиот лет кон вселената траеше нешто повеќе од еден час. Бренсон и екипажот поминаа околу 4 минути во вселената.
Додека беше во вселената, Бренсон изјави: „Ова е животно искуство. Ја гледам нашата прекрасна Земја и сакам да им се заблагодарам на сите за овој потфат“.
Richard Branson called his flight to space “the experience of a lifetime” in a radio transmission from the VSS Unity rocketplane as it glides back to landing at Spaceport America in New Mexico.
Watch live: https://t.co/h22JtU0mM4 pic.twitter.com/NjmIbGNB4N
— Spaceflight Now (@SpaceflightNow) July 11, 2021
Бренсон е меѓу шесте патници во крилестата ракета што полета од наменскиот комерцијален космодром „Спејс порт Америка“, во американската сојузна држава Ново Мексико.
Него го придружуваа двајца пилоти и тројца членови на екипажот.
VSS Unity has landed back at Spaceport America in New Mexico after flying to the edge of space with Richard Branson, pilots Dave Mackay and Michael Masucci, and mission specialists Beth Moses, Colin Bennett, and Sirisha Bandla.https://t.co/h22JtU0mM4 pic.twitter.com/RVr01tvEdb
— Spaceflight Now (@SpaceflightNow) July 11, 2021