Бренсон објави вознемирувачко писмо што го добил од Трамп

од desk2
121 прегледи

Британскиот милијардер Ричард Бренсон, откри детали од долгогодишниот судир со сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Во својата нова книга „Барајќи ја својата невиност“,”Finding My Virginity”, Бренсон објави писмо кое го добил во 2004 година од тогашниот американски претприемач Трамп.

Трамп писмото го упатил до сопственикот на бизнис групацијата „Вирџин“, кое се однесува на шоуто на Бренсон, слично на она на Трамп, во кое неколку кандидати се натпреваруваат со желба да станат дел од нивните компании.

„Лошиот рејтинг на вашата емисија ќе ви помогне сега да се концентрирате на ваѓата авио-компанија на која, верувам, и е потребен секој атом од вашата енергија“, стои во поисмото на Трамп до Бренсон.

„Очигледно е во прашање катастрофално работење и не можам да замислам дека може да поработите на тоа. Како и телевизијата, би требало да ја напуштите и работата со авио-компанијата што поскоро. Всушност, се прашувам како може да сте милијардер и така да го водите бизнисот. Можеби називот на вашата емисија The Rebel Bilionaire е погрешен. Во секој случај, не користете ме за да го промовирате вашето ниско рангирано шоу – големо момче сте, обидете се сами“.

Тоа не е единствениот нивни судир. Во 2016 година, пред претседателските избори во Америка, Бренсон на својот блог јавно ги повика Американците да не гласаат за Трамп.

Во текстот тој го опишува Трамп со кој имал состанок, на кој сегашниот американски претседател зборувал само за уништување на пет луѓе кои одбиле да му позајмат пари.

„Тоа што најмногу ме загрижува, врз основа на искуството што го имам со Трамп, е неговиот одмаздољубив карактер, кој може да биде многу опасена кога еднаш ќе се најде во Белата куќа“, напиша Бренсон.
Тој, неодамна, го нарече Трамп „срам за светот“.