БРИКС: Резервниот фонд на организацијата ќе започне со работа по еден месец

од desk3
98 прегледи

 

Резервниот монетарен фонд на БРИКС ќе почне да функционира за еден месец, откако сите учесници го ратификувале, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на информации од министерството за надворешни работи на Бразил.

ca42d827e5bcce275138720e3125456d
Од таму дополнуваат дека Фондот има за цел да обезбеди привремени ресурси на земјите-членки на организацијата, ако тие западнат во тешка ситуација по платната рамнотежа.

Петте земји од БРИКС ќе поднесат вкупно 100 милијарди долари, а главен дел од средствата ќе даде Кина – 41 милијарди. Бразил, Русија и Индија ќе вложат по 18 милијарди, а ЈАР – 5 милијарди долари.