БРИКС се здружува против короната

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Членките на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република) треба да ги надминат поделбите, да ги зближат редовите и да ја поттикнат максималната глобална синергија, со цел светот да го победи коронавирусот. Со таа порака, кинескиот лидер Си Џинпинг им се обрати на учесниците на 12-от Форум на групата БРИКС, чиј домаќин беше во вторникот рускиот претседател Владимир Путин.

И покрај сегашната пандемија на коронавирусот, соработката меѓу членките на БРИКС „активно се развива“ во политичката, економската и хуманитарната сфера, оцени Путин во Москва, за време на видео-форумот на БРИКС. Кина и Индија ја разгледуваат можноста за производство на руската вакцина „Спутник V“, изјави во истата прилика шефот на Кремљ.

Основана пред 14 години, групата БРИКС сочинува 42 проценти од светската популација, генерира 23 проценти од глобалниот БДП, опфаќа третина од територијата на планетата и извршува 18 проценти од светската трговија. Годинашниот форум покажа подготвеност на членството за нови деловни и политички чекори во меѓусебните односи и на меѓународната сцена.

Важно е да ја поддржиме клучната водечка улога на Светската здравствена организација во борбата со коронавирусот. Во исто време, кинески, руски и бразилски компании работат заедно на третата фаза од клиничките испитувања на вакцини против ковид 19. Кина е подготвена за релевантна соработка со Јужноафриканската Република и Индија, истакна Кси.

Индискиот премиер Нарендра Моди исто така истакна дека не е време да се продлабочат меѓусебните расправии.

Кога вакцината ќе биде достапна, таа ќе биде дистрибуирана на фер, правична и прифатлива основа, ветија петте членки на БРИКС во финалната декларација.

Слични содржини