„Брисел да даде гаранции дека нема да има идно вето“

од Берта Китинска
174 прегледи

Ако Брисел даде јасна гаранција дека внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот е последно барање за интеграцијата во ЕУ, тогаш подготвени сме да разговарараме за се, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Ние сме подготвени за тоа да разговараме да добиеме определени гаранции дека ова е последно барање дека нема да бидеме дополнително предмет на вето од страна на нашиот источен сосед, дека нема да бидеме предмет на асимилација и хегемониско однесување“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека нема да поддржат отворање и интервенции во Уставот се додека Европската Унија не даде гаранции дека земјата ќе влезе во Унијата и дека нема да биде предмет на дополнително вето од источниот сосед Бугарија.

Македонија и Бугарија во 2017 година го потпишаа Договорот за добрососедство, но и покрај тоа Софија од 2019 година започна да го блокира Скопје да ги почне приистапните преговори со ЕУ.

Оваа година по прифаќањето на двете држави на таканаречениот француски предлог за Македонија да ги почне преговорите, Скопје ја одржа меѓувладината конференција со ЕУ, но промената на Уставот е услов за официјално да започне отворањето на поглавјата.

„Мицкоски е против ЕУ, да не измислува нови лаги“

Вториот концепт е оној на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на членството во ЕУ.Христијан Мицкоски е против ЕУ. Тоа досега многупати го докажал со своето анти европско однесување на штета на државните и национални интереси на граѓаните, велат од СДСМ.

Сите лаги на Христијан Мицкоски досега потонаа во вода.

„Ги лажеше граѓаните, создаваше тензии, блокади, измислуваше наводна бугаризација, асимилација доколку почнеме преговори со ЕУ.Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет.Последна потврда за ова е договорот Фронтекс кој ќе биде потпишан на чист македонски јазик, без фусноти и додавки.Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство.Најдобро за Мицкоски е да не измислува нови лаги. Впрочем, никој не му верува на Мицкоски“, се наведува во реакцијата на СДСМ откако денеска лидерот на опозицијата побара од Брисел гаранции за влез Во ЕУ.