Брисел: Нема пари за Грција пред да започне со реформите

од desk3
111 прегледи

По уште една средба на Еврогрупата нејзиниот претседател предупреди дека Грција нема да добие уште пари пред да почне да ги применува реформите. Атина е задоволна од состанокот, бидејќи на неа е договорен почетокот на техничките преговори за нови транши од европската спасувачка помош.

7b08179546e2814a93b6c43954fe475d

Грција нема да добие пристап до никакви спасувачки фондови, додека не почне да ги применува реформите кои има склучено со доверителите, рече шефот на еврогрупата Јенс Дејселблум, цитиран од ДПА.

“И збор не може да стане за прелиминарните исплати, ако нема договор и нема имплементација”, рече тој по состанокот на министрите за финансии од еврозоната, што се одржа во понеделникот вечер во Брисел, и додаде дека ако биде постигнат договор и тој почне да се применува, тој е подготвен да разгледа доделување на парите на делови. Станува збор за останатите по досегашната спасувачка програма за Грција од 7,2 милијарди евра.

Дејселблум исто така, објави дека Грција и доверителите ќе почнат да преговараат за реформите во средата во Брисел. Шефот на Еврогрупата изрази жалење што биле потребни цели две недели за да се реши “кој со кого ќе се сретне и каде” и рече дека тоа е “целосно губење на време”.

Истовремено, грчката влада изрази задоволство од “позитивниот резултат” од средбата на министрите за финансии на земјите од еврозоната во Брисел, соопштувајќи дека техничките разговори за предвидените реформи ќе започнат во среда. Во соопштението на владата се истакнува дека почетокот на техничките преговори е позитивен сигнал за ублажување на позицијата на Европската централна банка во однос на Грција.

“Овој резултат беше постигнат и покрај дезинформациите во последниве денови”, се истакнува во текстот на грчката влада.

Патот за постигнување на договор со “институциите” (поим, заменет поради “омраза” на Грците кон “тројката”, што сепак повторно значи Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд .) е отворен, целта е да се даде поттик на реформите по вчерашниот позитивен сигнал од Брисел, пишуваат денеска грчките весници. Министрите за финансии од еврозоната одлучија разговорите да започнат утре и да се водат во Атина и Брисел, а грчкиот министер за финансии објави дека подготвува нов список со предлози за реформи.

Весникот “Етнос” пишува дека новата грчка влада се активираат и е во полн замав, за да може да биде применет договорот што Атина се надева да го постигне со партнерите многу пред 20 април и да биде решен финансискиот проблем на земјата.

Забележува дека овој позитивен резултат стана факт по интензивни зад сцената консултации меѓу високи претставници на еврозоната и грчката страна.

Битката на министерот за финансии Јанис Варуфакис и на неговиот тим на средбата на Еврогрупата всушност го отвори патот за отпочнување на разговори во суштина од утре во Брисел за оценување на предложените од Атина структурни реформи, дополнува весникот “Нафтемборики”.

“Катимерини” го цитира Варуфакис кога вели дека не било загубено драгоцено време, како што тврди претседателот на Еворгурпата Јерун Дејселблум.

Весникот “Прото тема” презентира реакции на грчката опозиција. Претставник на партијата Нова демократија истакнува дека владата на Алексис Ципрас, сеуште е многу далеку од својата цел. Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос изјави дека е загубено многу драгоцено време досега и дека за жал напорите за обнова на реалната економија биле залудно потрошени.

Аналитичарите предупредуваат дека Атина продолжува да е под силен притисок, бидејќи земјата е присилена да ги покрива постојано растечките финансиски потреби. Партнерите на Грција сепак покажаа вчера дека нема да биде деблокиран никаква транша за Грција, ако не биде постигнат договор со партнерите во април и ако владата не почне да ги применува договорените реформи, посочуваат тие.