Полицијата во Брисел со водени топови го растера собирот од неколку илјади луѓе, кој властите го забранија поради епидемијата на коронавирус.
Демонстрантите фрлаа со камења по полицијата и еден полицаец беше повреден, а неколку демонстранти беа приведени.
Обвинителството во средата објави дека поради мерките воведени против епидемијата на коронавирус, собирот закажан во Брисел преку социјалните мрежи е забранет и ги предупреди учесниците дека ќе бидат гонети доколку сепак се соберат.
Thousands gather in Brussels after Facebook page promotes fake festival to protest COVID measures. At least 5 injured during clashes with police.
Attendee: "I don't think [it's responsible] but … one time can't hurt" pic.twitter.com/8cfOiC2NxI
— BNO Newsroom (@BNODesk) April 1, 2021
Белгиските медиуми објавија дека неколку илјади луѓе се собрале денес во голем парк во Брисел. На телевизија беа прикажани снимки од млади луѓе кои се забавуваат во паркот.
Посилни мерки против коронавирусот се во сила во таа земја од минатата сабота. Училиштата и колеџите се затворени, додека собирите на отворено се ограничени на четири лица.
Clashes in Brussels when the police tried to evacuate 5000 people from a park via /r/riotporn https://t.co/y5sPcBjc5n pic.twitter.com/urvPf9kc1f
— protestworld (@protest_global) April 1, 2021