Евроинтеграциите на Макеодонија зависат од априлските предвремени избори, извештајот на Прибе и договорот од Пржино, порачуваат дипломатите од Брисел, пренесува 24 Вести.
Дипломатите од Брисел едногласни, преземените обврски мора да се спроведат до крај и политичарите во Македонија го знаат тоа. Нема излегување од договорот од Пржино.
Според нив, специјалната обвинителка мора да ја извршува задачата која и е доверена.
Европратеникот Иво Вајгл кој утре доаѓа во Скопје изјави дека очекува македонските политичари до крај да го спроведат договореното и тоа да биде нотирано во следниот извештај на Европската комисија.
Од Брисел нема најави кога конкретно ќе биде објавен извештајот за напредокот на земјава.