Брисел реагира на царините на Трамп: ЕУ подготвена за контрамерки

од Nikola Popovski
10 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека Брисел е подготвен да ги заштити интересите на ЕУ, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царина од 30 проценти за европските стоки и производи од 1 август.

„Царината од 30 проценти за извозот од ЕУ би им наштетила на бизнисите, потрошувачите и пациентите од двете страни на Атлантикот“, објави Фон дер Лајен на „Х“.

Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да работи на постигнување договор до 1 август.

„Во исто време, ние сме подготвени да ги заштитиме интересите на ЕУ врз основа на пропорционални контрамерки“, нагласи Фон дер Лајен.

Слични содржини