Среде ритамот по референдумот за Брекзит, ЕУ се соочува со борба за лидерските позиции во европските институции, во која познатите лица се обидуваат да ги задржат своите позиции, анализира “Ројтерс”.

Мандатот на Мартин Шулц како претседател на Европскиот парламент (ЕП) истекува во јануари следната година. Ова може да ја ослободи борбата за влијание не само во законодавниот дом на ЕУ, но и во другите европски институции следната година.
Таква битка ќе ги зголеми тензиите меѓу земјите членки, кои се обидуваат да се помират со заедничката политика во голем број проблематични области: од решението на проблемот со бавниот раст и миграциската криза до договарањето на условите за излегување на Британија од Унијата.
Задкулисната борба за влијание меѓу политичарите, чии имиња се непознати за повеќето од 500-те милиони граѓани на ЕУ, ќе нанесе дополнителен удар и по угледот на евроинституциите кои се обидуваат да ја вратат довербата на граѓаните во услови на растечки евроскептицизам, кој најверојатно ќе ја одигра клучна улога во изборите во Франција, Германија и Холандија следната година.
Пред две години групата на социјалдемократите, на која и припаѓаше Шулц, вети дека ќе овозможи неговиот наследник да биде биран од десницата. Сепак, тоа би значело да христијанско-конзервативците ги заземат трите најважни институции во ЕУ: Европската комисија (ЕК, предводена од Жан-Клод Јункер), ЕП и Европскиот совет (кој претседава поранешниот полски премиер Доналд Туск).
Мандатот на Туск истекува на крајот на мај 2017 година, но прогнозите се тој да побара да ја задржи функцијата. Минатата недела Јункер, до крајот на чие управување остануваат уште 3 години, тој ја повика десницата да не го отфрла Шулц, со кого биле создале “широка коалиција”, која работи добро во законодавните иницијативи.
“Кога поминуваш низ тешки моменти, стабилноста е од суштинско значење”, изјави тој за телевизија “France 24” во заедничко интервју со Шулц. Јункер додаде дека триото со Туск работи добро и треба да продолжи тоа да го прави.
Шулц, чии обожаватели тврдат дека ја зголемил популарноста на ЕП за двата си мандатат во последните 5 години, одбива да коментира дали ќе го почитува условот со десницата, иако негови соработници не ја исклучуваат оваа можност.
Елемент кој внесува уште несигурност, е дали Шулц ќе игра активна улога во претстојните во 2017 година парламентарни избори во Германија против Христијанската заедница (ХДС) на канцеларката Ангела Меркел.
Дипломатски извори објаснуваат дека ако сепак столот на Шулц го земе претставник на десницата, тоа може да предизвика верижна реакција – претежно против Туск, иако веќе имало преседан трите најважни функции во ЕУ да бидат пополнети од една политичка група.
Блиски до Туск, кој ја презеде функцијата во 2014 година, раскажуваат дека тој се уште не ги разгледал потезите по истекот на мандатот. Широко распространето е мислењето дека тој ќе остане на чело на Европскиот совет во саледните 5 години. За таа цел е потребно мнозинството од лидерите на земјите членки да го поддржат, што значи дека и покрај спротивставените изјави на лидерот на владејачката партија во Полска Јарослав Качински отпорот на Варшава не е доволна за да престане да владее Шулц.
Според изворите на “Ројтерс” расположението во Брисел не се за радикални промени имајќи ги во предвид кризите, со кои се соочува ЕУ. Повлекувањето на Шулц може да го промени балансот и затоа таков развој на настаните треба да биде избегнат, велат дипломатите.
Рокади во парламентот
За момент Меркел одбива да влезе во дебатата за иднината на Шулц, но неодамна нејзините сојузници од Европската народна партија (ЕПП) се согласија да подржат кандидат за наследник на Шулц во јануари. Најголемата политичка група во ЕП (215 или 29% од 751 места) ќе го избере својот кандидат во декември.
Според политичарите од десно-центристичката група Шулц треба да се повлече, за да го исполни својот дел од договорот во 2014 година, благодарение на што ЕПП го поддржа за претседател на ЕП, за да обезбеди за возврат поддршка за Јункер како претседател на ЕК.
Извори на “Ројтерс” сметаат дека на социјалдемократите, кои држат 25% од пратеничките места, може да им биде ветено да ги предводат европските институции, но во подоцнежна фаза. Според други може да се бара компромисна варијанта и постот да биде зафатен од претставник на либералите. Шулц ужива широка партиска поддршка, но противниците сметаат дека договорот со Јункер ја ослаби улогата на ЕП и го направи помалку критичен кон активностите на комисијата.
Друг елемент од внатрешните институционални борби во Брисел е судбината на друг началник на европска структура – онаа на лево-центристичкииот претседател на Еврогрупата (форма, под кој се собираат финансиските министри од еврозоната).
Иднината на Јерун Дејселблум е нејасна, бидејќи во неговата родна Холандија претстои гласање за парламент во март 2017 година. Ако тој не остане на функцијата на министер за финансии потоа, тоа може да е уште еден удар за социјалдемократите во Брисел.