88
Писмото на еврокомесарот Јоханес Хан, кое е испратено до македонските лидери ги содржи старите барања – реформи.
Но, овој пат предлозите, наводно биле пренесени со многу поостар тон. ЕУ дипломатите бараат нова средба, организирана од европратениците Вајгл, Кукан, Ховит и Хан, пишува во својата анализа Алсат-М.
Дипломатите бараат дијалог и компомис, кој ќе биде олицетворен во реформи, прочистен избирачки список и на крајот избори. За сега четирите македонски партиии не го коментираат писмото. Сепак ВМРО-ДПМНЕ, посочува дека тоа е адресирано до СДСМ, додека пак социјадемократите сметаат дека одлуките на Власта ја продлабочуваат политичката криза. Албанските претставници, ДУИ и ДПА, го поддржуваат писмото на меѓународната заедница.