16 лица се уапсени во вкупно 22 акции низ Белгија. Салах Абдеслам, осомничениот за париските терористички напади, не е меѓу нив, соопштија на кусата прес конференција одржана по полноќ од белгиската полиција и обвинителството.

Судијата утре ќе одлучи дали на уапсените ќе им биде одреден притвор.