Британец откри вистинско богатство

од Vladimir Zorba
72 прегледи
Ник Мид, од гратчето Хелмдон во западна Англија, си нарачал советски тенк „Т-54“, којшто го платил 30.000 фунти, и во него открил нешто исклучително вредно.
Имено, во резервоарот, механичарот и неговиот колега Тод Чембрлен пронашле пет златни прачки, од кои секоја тежи по 5 килограми. Нивната вкупна вредност се проценува на 2,3 милиони евра.
Ник и неговиот пријател се надевале во внатрешноста да најдат остатоци од тенковска муниција, но наместо муницијта тие пронашле злато. Најденото злато се смета дека било украдено од ирачките војници во Кувајт во Војната во Персискиот Залив.
Инаку, Ник е колекционер на воени машини. На својата фарма има вкупно 150 антиквитети, коишто се достапни за разгледување./24вести