Британија испраќа тенкови во Украина, Зеленски вели дека е сигнал и за другите партнери

од Nikola Popovski
191 прегледи

Премиерот на Велика Британија Риши Сунак денеска по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја ќе обезбеди тенкови Челинџер 2 и други артилериски системи како поддршка на таа земја.

Во соопштението од канцеларијата на Сунак не е прецизирано кога и колку тенкови ќе бидат испорачани, но британските медиуми објавија, без да наведат извори, дека четири главни борбени тенкови Челинџер 2 на британската армија веднаш ќе бидат испратени во Источна Европа, а потоа дополнително уште осум.

Зеленски денеска на својот Твитер профил му се заблагодари на Сунак „за одлуките кои не само што ќе ја зајакнат Украина на бојното поле, туку и ќе го испратат вистинскиот сигнал до другите партнери“.

Минатата недела, САД објавија повеќе од 3 милијарди долари нова воена помош за Украина и 50 оклопни возила Бредли кои можат да истрелаат 500 противтенковски проектили.

Берлин соопшти дека сака да испрати 40 оклопни возила на украинската армија во првиот квартал од 2023 година, како и системот за воздушна одбрана Патриот.

Франција соопшти дека испраќа неодреден број лесни борбени тенкови.

Слични содржини