Велика Британија стана првата земја која ја озакони техниката за тројца родители, соопштува “Ројтерс”. Медицинските лица сметаат дека методот може да спречи некои неизлечиви наследни болести. Според критичарите сепак тоа ќе доведе до создавање на “дизајнерски бебиња”.
По над тричасовните дебати, пратениците од Горниот дом на британскиот Парламент гласаа за промени во законот, за да се создаде можност за оваа манипулација. Претходно овој месец позитивен глас дадоа и законодавците во Долниот дом.
техниката е позната како инвитро техника за бебиња со тројца родители, бидејќи бебињата родени од генетски модифицирани-ембриони можат да имаат ДНК од мајка, татко и друг донатор – жена.
Иако технологијата е сеуште на ниво на студија во лабораториите во Велика Британија и САД, експертите велат дека сега правните пречки се надминати и првото бебе со тројца родители може да се роди во почетокот на 2016 година.
Постапката ќе помогне за надминување на наследни митохондриални болести – срцеви проблеми, хепатална инсуфициенција, мозочни заболувања, слепило и мускулна дистрофија.
Едно на 6000 бебиња во светот се раѓа со нарушувања во митохондријалните гени, кои можат да предизвикаат болести, покажуваат истражувањата.
