223
Велика Британија ги отфрли руските обвинувања дека британските разузнавачки служби би можеле да бидат вмешани во нападот на Кримскиот мост.
„Ова се неосновани шпекулации од Русија и нема да ги коментираме понатаму“, наведе портпаролот на британското министерство за надворешни работи во соопштение, пренесува „Ројтерс“.
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека одлуката за вчерашниот напад на мостот на Крим ја донеле украинските власти и армијата, со, како што наведе, учество на американските и британските разузнавачки служби.