240
Обединетото Кралство и Индија денеска потпишаа нов договор за соработка во областа на одбраната, соопштија претставници на двете земји по средбата во Њу Делхи.
Велика Британија ќе и помогне на Индија да изгради свои борбени авиони, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, цитиран од Ројтерс.
Двете земји ќе се обидат да постигнат договор за слободна трговија до крајот на годината, изјавија официјални лица, пренесе британската агенција.