195
Британската агенција за лекови во четвртокот ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата Pfizer/Biontek за деца на возраст од 12 до 15 години.
„Внимателно ги прегледавме податоците од клиничките испитувања кај деца на возраст од 12 до 15 години и заклучивме дека вакцината на Pfizer/Biontek е безбедна и ефикасна за оваа возрасна група“, рече извршниот директор на британското регулаторно тело МХРА, Џун Рејн.
Таа додаде дека „придобивките од оваа вакцина надминуваат сите ризици“.