Британија ја става групата „Вагнер“ на листата на терористички организации

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Велика Британија ќе ја стави руската платеничка воена организација „Вагнер“ на листата на терористички организации, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на министерката за внатрешни работи Суела Браверман.

„Вагнер е насилна и деструктивна организација која делува како воен инструмент на Путиновата Русија во странство“, рече Браверман.

Таа оцени дека работата на „Вагнер“ во Украина и Африка претставува „закана за глобалната безбедност“.

Слични содржини