Британија ќе потроши дополнителни две милијарди фунти за брегзит без договор

од desk4
133 прегледи

Велика Британија ќе потроши дополнителни две милијарди фунти за подготовка за брегзит без доовор.

Министерот за финансии Саџид Џавид изјави дека дополнителните средства ќе бидат користени за вработување 500 лица, за обезбедувае лекови, информирање на јавноста и други дејности.

Владата планира да потроши 1,1 милијарда фунти веднаш. Економисти нагласуваат дека милијарди фунти веќе се потрошени пред прично предвидениот датум за брегзит – 29 март. Премиерот Борис Џонсон најави дека Лондон ја напушта ЕУ на 31 октомври со или без договор.