Британија ќе прими 20.000 Авганистанци, приоритет ќе имаат жените и децата

од Stefanija Kuzmanovska

Илјадници авганистански бегалци ќе бидат преселени во Велика Британија откако Талибанците ја презедоа контролата врз Кабул, објави британската влада.

Новата програма ќе овозможи престој на 20.000 Авганистанци во Велика Британија во наредните години, пренесува Би -Би -Си.

Во првата година, 5.000 бегалци ќе имаат право на престој, при што приоритет ќе имаат жените, девојчињата и оние на кои им е потребна помош.

Министерот за внатрешни работи Прити Пател ги повика другите земји да помогнат, изјавувајќи за „Дејли телеграф“ дека „не можеме да го направиме  тоа сами“.

Сепак, опозициските партии ја критикуваа одлуката бидејќи не беше доволно објаснета.

Се очекува 5.000 Авганистанци и членовите на нивните семејства да имаат корист од оваа политика.

Премиерот Борис Џонсон во среда ќе отвори дебата во Долниот дом за ситуацијата во Авганистан.

Слични содржини