“Нема знаци за успех по цела ноќ на преговори во Брисел за Брекзит”, пишуваат денеска западни изданија.
Британскиот премиер Дејвид Камерон продолжил да преговара со европските лидери до 5:30 часот наутро по локално време (4:30 по Гринич), забележува британскиот “Гардијан”.
Преговорите одат бавно и останува уште многу работа, потврдил претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, цитиран од весникот. Се очекува тие да се обноват , но постојат гласини дека ќе се одржи и претходна средба меѓу германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Меркел ги поддржа безрезервно барањата на Камерон за нови услови на британското членство, потсетува “Гардијан”, кој додава дека за германската канцеларка ова прашање е расејување од неодложните проблеми на масовната имиграција.
Оланд сепак, истакна дека Велика Британија може да остане во ЕУ, ако ги почитува општите принципи – инаку исклучоци ќе побараат и други земји, наведува весникот. Во Берлин, Париз и други европрестолнини расте нетрпението за конечен одговор на британското прашање.
Белгија, поддржана од Франција, сака да се донесе одлука дека Велика Британија нема да може да бара ново договорени услови за европското членство, ако гласа да ја напушти ЕУ. Камерон исто така, покажа интерес за оваа идеја, забележува британското издание и наведува дека пораката “одлуката ќе биде конечна и неотповиклива” била користена од кампот на противниците на шкотската независност пред референдумот за отцепување на Шкотска од Велика Британија. Постојат сомневања дека Лондон може да игра на федералистките трендови Белгија и да нагласи дека одлуката ќе биде конечна, пишува “Гардијан”.
Вестите засега не се целосно позитивни за Камерон, макар и да не се катастрофални, резимира британскиот “Телеграф”. Изјавите на Камерон за Европа, која “живее и остава и другите да живеат”, едвај ги убедиле Белгија и Франција дека Лондон сака само можност да не учествува во постојано се подлабоката интеграција, а не признавање дека Европа е унија со многу валути, кој треба да биде пофлексибилна и не толку идеолошка творба, наведува весникот.
ОЕСР ја намали прогнозата за раст на глобалната економија
Франција дели многу од загриженоста на Белгија и покрај тоа стравува дека желбата на Велика Британија за заштитни клаузули всушност се трик, овозможувајќи на Лондон да добие бенефиции, истакнува “Телеграф”. Тоа е неправедно обвинение, смета весникот, наведувајќи дека Лондон сака да видат единствен пазар на услуги, но сакаат и да задржат доволна финансиска самостојност во случај на нова финансиска криза.
Британскиот премиер изјави пред европските лидери дека треба да се врати во Лондон со договор кој јавноста може да го прифати – проблемот е што и тие треба да го сторат истото, бидејќи очекуваат избори, пишува “Гардијан”.
Прашањето за останувањето на Британија во ЕУги принудува европските лидери да се соочат со прашањето колку да направат компромис со некои од најважните принципи на европската интеграција, истакнува “Њујорк тајмс”. Европа како целина ги избегнуваше овие прашања во текот на последните години, додека се бореше со финансиска криза, проблемите со користење на еврото како заедничка валута, тековната економска стагнација и подемот на антиевропски популистички партии. Но британските барања и приливот на бегалци ги принуди европските лидери да се соочат со овие прашања, нагласува американското издание.
Во исто време водечката фигура во Европа, Ангела Меркел, е ослабена од зголемената политичка опозиција во Германија и незадоволството на некои европски лидери од тековниот прием на бегалци во Германија, истакнува “Њујорк тајмс”. Меркел се надеваше да ја искористи оваа средба, за да ги убеди другите европски лидери дека Турција е подготвена да одигра значајна улога во регистрирањето и раселување на бегалците. Овие надежи избледеа, откако турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја откажа посетата на Брисел поради терористички напад во неговата земја, нагласува весникот.
Во исто време барањата на Камерон ги поставуваат лидерите на останатите 27 земји од ЕУ со тешка дилема, бидејќи влијаат на едно од основните права на европските граѓани – правото да живеат и работат во други земји од Унијата, без да бидат изложени на дискриминација, посочува ” Њујорк тајмс “. Затоа неговите идеи предизвикуваат стравувањата на источноевропските земји, дека граѓаните ќе им станат во практика “втора класа”.
“За европски земји, кои не сакаат да ја изгубат ЕУ во моментов, еден од проблемите е тоа што ако резултатите се премногу поволни за Велика Британија,а популистичките антиевропски партии во други земји ќе заклучат дека смутителите на редот се наградуваат”, предупредува Даниела Шварцер, главен директор за истражување на германскиот фонд “Маршал” во Берлин, цитирана од американското издание.
А “додека европските земји се борат да го обноват единството , противниците на Европа, оние кои сакаат слабеењето или распад, ги тријат рацете. Рускиот премиер Дмитриј Медведев најави нова Студена војна меѓу Русија и Западот. А Даеш (како што е наречена групата” Исламска држава “), која ги принудува повеќе луѓе да станат бегалци, искористи од знаците за слабост на Европа”, пишува весбикот “Фигаро”. Доналд Туск го разбира тоа кога вели дека “загуба за Велика Британија и ЕУ” ќе биде “голема победа за оние кои сакаат да не поделат”, истакнува француското издание, цитирано од агенциите.
