Организацијата за економска соработка и развој (OECD) ја намали прогнозата за раст на глобалната економија за 2016 година за 0,3 отсто, на 3 проценти.OЕСР како причини за разочарувачките економски податоци ги наведе слабата побарувачка, падот на инвестициите и огромната опасност од финансиска нестабилност, пренесува МИА.

images (2)

ОЕЦР наведува дека глобалниот раст по овогодишните три проценти, во 2017 година ќе изнеусва 3,3 проценти, додека долгорочниот просек е околу 3,75 проценти. Проекцијата за растот во САД оваа година е намалена на два проценти, а во Германија, најголемата европска економија, на 1,3 проценти. Во еврозоната се очекува раст од 1,3 проценти.

Во извештајот се наведува дека растот на Кина ќе забави оваа година на 6,5 проценти и на 6,2 проценти следната година, додека Индија ќе продолжи со силниот раст од 7,4 проценти во оваа година, а во 2017 година ќе забележи раст од 7,3 проценти. Од друга страна, Бразил е во длабока рецесија и оваа година се очекува дополнително намалување на неговиот БДП од четири проценти.

Слични содржини