175
Постои „многу реална опасност“ Владимир Путин да нападне надвор од границите на Украина, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Говорејќи на прес-конференција, Валас ја опиша Русија како „најдиректна и најголема закана за Европа“.
Тој ги критикуваше претходните британски влади, конзервативни и либерални, кои се обидоа да заштедат пари со намалување на бројот на британските војници, додавајќи дека воениот буџет во иднина ќе треба да се зголеми.
„Ако нивото на закана се промени, мора да се промени и буџетот“, рече Валас.