Британија: Речиси 35.000 жени пријавиле нарушени менструални циклуси по вакцинација против Ковид

од Vladimir Zorba

Речиси 35.000 жени во Велика Британија пријавиле несакани ефекти во форма на нарушени менструални циклуси откако биле вакцинирани против „Ковид-19“.

Покрај нередовните менструации, тие исто така пријавиле болна менструација, а за повеќето жени, се се вратило во нормала по еден до два циклуса.
Проблемите се поврзани со вакцините Фајзер, АстраЗенека или Модерна, пренесе „Дејли Меил“.

Сепак, британското медицинско списание BMJ посочува дека се потребни повеќе истражувања за да се потврди врската. Регулаторната агенција MHRA се уште не ја прифатила врската помеѓу вакцината и менструалните нарушувања.

Д -р Викторија Мејл, професор по репродуктивна имунологија на Империјал колеџ во Лондон, истакнува дека промената во менструалниот циклус може да биде предизвикана од имунолошкиот одговор на телото на вакцината – исто како што е случај со ХПВ вакцината (хуман папилома вирус).

– За повеќето жени, циклусот беше нормален следниот месец – истакнува д -р Мејл и додава дека најважно е што нема докази дека вакцината против ковид влијае на плодноста.

Слични содржини