Британија: Украинците повторно заземаат територија окупирана од Русија во 2014 година

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Украинската контраофанзива, која трае неколку недели, напредувала на територијата окупирана од руските сили од 2014 година, се наведува во дневниот извештај на британската разузнавачка служба за војната во Украина.

Украинските сили напредуваа источно од селото Краснохоривка во близина на градот Доњецк во источна Украина, се вели во извештајот објавен на Твитер.

„Неодамнешните повеќекратни истовремени украински напади ширум Донбас веројатно ги оптеретија силите на меѓународно непризнаената Народна Република Доњецк и чеченските единици кои дејствуваат таму“, се вели во извештајот, цитирајќи разузнавачки информации.

Британското министерство за одбрана секојдневно објавува информации за напредокот на војната од нејзиното започнување пред повеќе од 16 месеци.

Москва го обвинува Лондон за насочена кампања на дезинформации.

Слични содржини