Британскиот регулатор на лекови денес соопшти дека се пријавени дополнителни 41 случај на ретки згрутчувања на крвта по дози на вакцина „АстраЗенека“ против коронавирус, но дека придобивките од вакцинацијата сè уште ги надминуваат ризиците за повеќето луѓе.
Во неделниот извештај за несаканите ефекти на вакцините за коронавирус, Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (МХРА) соопшти дека по вакцинирањето со вакцината „АстраЗенека“, пријавени се вкупно 209 згрутчувања со мал број на тромбоцити, во споредба со 168 пријавени минатата недела.
По избувнувањето на згрутчување на крвта во Велика Британија, беа евидентирани вкупно 41 смртни случаи поврзани со овој несакан ефект, што е зголемување за девет во споредба со податоците од минатата недела. Експертите, сепак, се согласуваат дека згрутчувањето на крвта треба да остане редок несакан ефект на вакцинацијата.
Околу 22 милиони први дози на вакцина „АстраЗенека“ се дадени во Велика Британија. Четири случаи на ретко згрутчување на крвта беа пријавени по втората доза, но МХРА не соопшти колку втори дози биле дадени.
Велика Британија ги советуваше луѓето на возраст под 30 години да добијат алтернатива на вакцината „АстраЗенека“, откако регулаторот откри докази за поврзаност со ретките згрутчувања со мал број на тромбоцити, а официјалните лица размислуваат дали да ги применат за лица помлади од 40 години .
Официјални лица истакнаа дека несаканиот ефект е редок и советуваа дека повеќето луѓе сè уште ја примаат оваа вакцина, а „АстраЗенека“ ги посочи препораките на регулаторот дека вакцината е безбедна и ефикасна.