Британија за ненадејната руска офанзива: „Ова е исклучително опасен момент за Украина“

од Vladimir Zorba
471 прегледи

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон утрово даде интервју за Sky News. На прашањето за ненадејната руска офанзива во регионот Харков, шефот на британската дипломатија вели дека ова е „исклучително опасен“ момент.

„Ова само нагласува дека ова е неоправдана, илегална инвазија на Путин на независна, суверена земја“, рече Камерон, а потоа додаде: „И сега тој повторно нападна од север, кон Харков. Мораме да направиме се што можеме за да им помогнеме на Украинците“.

„Затоа е толку важно што ставивме на располагање пакет од 3 милијарди фунти годишно помош и рековме дека ќе продолжи од година во година. Ги охрабруваме другите да го сторат истото. Она што е клучно е што ние го направив тоа и ги охрабривме Американците да излезат со својот пакет. Тажно е што требаше долго време да дојде, но тоа ќе направи разлика“, рече Камерон.

Новинарот потоа го праша дали американскиот пакет од 61 милијарда долари за помош на Украина дошол предоцна?

„Ќе беше подобро да дојдеше порано, бидејќи нема сомнеж дека Украина претрпе загуби во копнената војна“, рече Камерон, додавајќи: „Сите ние треба да направиме повеќе. Велика Британија е на водечка позиција овде. Ние мора да помогнеме со испраќање тенкови, противтенковско оружје, артилерија со долг дострел…“

„Украинците немаат проблем со моралот, јас бев таму пред некој ден. Моралот им е сè уште висок, сè уште им нанесуваат страшни загуби на Русите. Само да можеа Русите да видат колку луѓе губат. Ако само другите земји би го направиле она што го прави Велика Британија во однос на оружјето со долг дострел, во однос на обуката и поддршката… Во принцип, ние мора да постигнеме нашата сила да има ефект на бојното поле“, заклучи тој.

Слични содржини