Британија ѝ испорача на Украина крстаречки ракети со долг дострел

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Велика Британија ѝ достави на Украина повеќе крстаречки ракети со долг дострел „Storm Shadow“, додека Лондон доби гаранции од Киев дека тие нема да се користат против цели во Руската Федерација, објави денеска Си-Ен-Ен, цитирајќи неколку високи западни претставници.

Велика Британија доби гаранции од Киев дека ракетите ќе се користат само против цели „на суверена територија на Украина“, изјави западен претставник.

Според висок американски функционер, таквата ракета му ја дава на Киев способноста која ја бараше од почетокот на конфликтот.

Слични содржини