Британија: Русија се подготвува да регрутира дополнителни 400.000 војници

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Британското министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата поврзана со војната во Украина. Руските медиуми, се вели во извештајот, сугерираат дека властите подготвуваат голема кампања за регрутирање чија цел е да регрутираат дополнителни 400.000 војници.

Русија, се наведува, планира да регрутира доброволци или професионалци во таа кампања наместо да воведе задолжителна мобилизација. Постои реална веројатност, тврдат британските разузнавачи, дека во пракса таа разлика ќе биде нејасна и регионалните власти ќе се обидат да го заменат нивниот стандарден број на регрути со принудување на мажите да се приклучат на армијата.

Руските власти, според британските разузнавачи, најверојатно се одлучиле за т.н „волонтерски модел“ со цел да се заменат загубите на работна сила и да се минимизира противењето на војната на домашен фронт. Многу е неверојатно дека предвидената кампања ќе успее да привлече 400.000 вистински волонтери, се наведува во извештајот.

Но, обновата на руските воени капацитети и борбената моќ во Украина ќе бара повеќе од работна сила, се вели во извештајот. На Русија ѝ треба повеќе муниција и опрема отколку што моментално располага, заклучуваат разузнавачките експерти.

Слични содржини