Британската амбасадорка: Важно е да ја вратите довербата на граѓаните во институциите и правдата

од Nikola Popovski
250 прегледи

„Важно е да се справите со корупцијата и да се врати довербата на граѓаните во институциите и правдата“, изјави  амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј одговарајќи на новинарско прашање, како го коментира случајот со Сашо Мијалков.

Според неа, особено е важно да се обрне посебно внимание на решавање на овој тип на случаи.

Tаа при денешната посета на Штип оцени дека за тоа дали се реформите добри зависи од нивната имплементација.

„Ќе продолжиме да работиме заедно да видат граѓаните дека правдата треба да излезе на виделина и сите овие случаи да бидат решени. Мислам дека реформите коишто се направени и оние закони коишто се донесени сега се во добра состојба. Меѓутоа, треба да се види како ќе бидат тие имплементирани“, вели Галовеј.

Слични содржини