Британската фунта со драстичен пад откако Џонсон влезе во интензивна нега (ФОТО)

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Британската фунта драстично падна во однос на доларот и еврото, откако британскиот премиер Борис Џонсон заврши во единицата за интензивна нега, откако се влоши неговата состојба поради коронавирусот.

Фунтата падна за 0,3 проценти во однос на доларот вечерва, на еквивалент од 1.22229 американски долари. Споредено со еврото, падна за 0,1 отсто на 1,1326 евра.

Валутата веќе се тргуваше близу историските најниски нивоа во однос на доларот во последните неколку недели, бидејќи Велика Британија – како и многу светски економии среде пандемија на коронавирус – се бори да ги задржи своите пазари во земјата.