Британската кралица одликуваше лекари, научници и Даниел Крег

од Nikola Popovski

Британската кралица Елизабета Втора им додели одликувања и ордени на водечките функционери во борбата против епидемијата на коронавирус, како и на актерот Даниел Крег, кој го доби истото признание како Џејмс Бонд, кого го игра на големото платно.

Одликувањата ги добија главниот медицински службеник во Англија, Крис Вајти, како и научниот советник на британската влада, Патрик Валанс.

Крег (53) го доби Орденот на Свети Мајкл и Свети Џорџ, како познатиот шпион што го игра на големото платно, за заслуги во филмската индустрија.

Кралицата одликуваше точно 1.278 луѓе, вклучувајќи научници, спортисти, уметници, како и оние кои собраа средства за помош и придонес за заедницата.

Слични содржини