Британската мутација се шири низ земјава, се очекуваат првите дози од кинеската вакцина

од Берта Китинска
352 прегледи

Британскиот сој на ковид 19 полека се шири низ земјава.

Лабараторијата на ИЦГБ-МАНУ во периодот од почетокот на годинава, заклучно со 7. февруари годинава, утврди присуство на мутираниот сој од Велика Британија на Ковид 19, кај 45 пациенти, односно примероци од тестирани и заразени лица, информираа од Министерството за здравство.

„Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13.01.2021 во охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес“, соопштија од здравство.

Премирот Зоран Заев на онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа” изрази надеж дека следната недела земјава ќе добие вакцини против Ковид-19 од „Фајзер”, а потоа и од другите производители.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера потпиша Договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм”. Со Договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија „Синофарм” обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец. Точниот датум на пристигнување и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови, соопшти Министерството за здравство.

Според министерот за здравство многу е важно да нема прекин во процесот на имунизација

„Вакцините ќе пристигнат на скопскиот аеродром. Ефикасноста на кинеските  вакцини оди од 60 до 90 проценти, и тоа  е сосем доволно за да се постигне колективен имунитет. Здравствени работници ќе бидат првите што ке се вакцинираат како  и најризичните возрасни граѓани со хронични болести. Фајзеровата и кинеската вакцина имаат еднаков степен на безбедност, нема простор за сомнеж. Ќе пристигнат 2 милиони дози со авионски транспорт. После месец март ќе бидат достапни сите вакцини“, изјави министерот Венко Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486

Слични содржини