415
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека зголемениот број на нови случаи на ковид 19 се должи на британскиот сој.
-Во моментов ги анализираме бројките, над 70 проценти од новодијагностицираните се заразени со британскиот сој на вирусот.Најмногу заразени лица има во Скопје, Охрид, Кавадарци, Прилеп и Неготино. Анализата со Комисијата за заразни болести ќе заврши следната засега нема потреба да се воведат рестрикции, но не ја исклучуваме можноста, ќе ја следиме состојбата, изјави Филипче.
Тој вели дека засега во ниеден град не се исполнети условите да се ограничи движењето, односно да се воведе полициски штаб, како што бара Кризниот штаб за Гевгелија.Вели дека ја следат состојбата.