Многу возачи, особено оние со потешка нога на педалата за гас, постојано размислуваат како да го сокријат својот автомобил пред полициската камера. Судејќи по случајот од Велика Британија, доволен ви е еден обичен лист…
Се разбира, ако полицијата не ве фати во таа измама.
Како што пишува „Јутарњи“, британската полиција го открила возачот кој го направил токму тој маневар. Залепил лист на регистарската табличка за да скрие буква или број…
Доволно за камерата да не може да препознае која ознака е.
Полицијата го запрела возачот на Тојота Корола на А3 во Гилдфорд во вторникот вечерта и кога сфатила што се случува, бил казнет и пријавен за пребрзо возење.
Во официјалното полициско соопштение се наведува дека „забележан е автомобил како вози на автопатот А3 кон север и не го почитувал ограничувањето на брзината, а неговата регистарска табличка била делумно покриена. На возачот му се изречени казни“.