Британското министерство за одбрана објави дневен разузнавачки извештај за своето видување на ситуацијата во Украина. Денешниот извештај се фокусира на наводната смена на клучниот руски генерал Рустам Мурадов.
„Како што се тврди на руските социјални мрежи, руското министерство за одбрана најверојатно го сменило генерал-полковникот Рустам Мурадов од функцијата командант на Источниот воен округ во Украина“, се вели во соопштението.
Во извештајот се додава дека руските сили под Мурадов претрпеа многу тешки загуби во последните месеци, бидејќи „поради лошо извршените напади“ не беше постигнат успех во обидот да се заземе градот Вухледар во областа Доњецк.
Овие операции беа широко критикувани во Русија, се додава.
„Мурадов го презеде Источниот воен округ по катастрофалниот обид да го нападне Киев од северозапад за време на почетната фаза на инвазијата.
Како што се додава во британскиот извештај, тој е највисокиот руски воен функционер кој е сменет оваа година.