Британски медиуми: Ѓоковиќ е „ковидиот на годината“

од Nikola Popovski
359 прегледи

Британски Дејли мејл уште еднаш го нападна Новак Ѓоковиќ, овој пат нарекувајќи го „ковидиот“ на годината.

Од весникот решија да доделат алтернативни спортски награди, овојпат една за време на пандемијата на коронавирус, која вклучува избор за „ковидиот на годината“, а Новак бил опишан како „лауреат“ на скандалозен начин.

„Имаше неколку кандидати за нашата најголема награда, „Ковидиот на годината“. На крајот на краиштата, секоја недела се случуваше некои спортски sвезди да ги прекршат правилата за изолација поради вирусот, а беа предводени од англиските фудбалери, меѓу кои Фил Фоден, Мејсон Гринвуд, Џек Грилиш, Кајл Вокер и Хадсон Одои. Сепак, наградата ѝ припаѓа на тениската sвезда, светскиот рекет број еден – Новак Ѓоковиќ “, пишува Дејли мејл.

„Само Ѓоковиќ, човек кој постојано предизвикува поделби, може да го удри топчето во судиското лице и да биде исфрлен од УС Опен, без тоа да биде ниту близу до неговиот најконтроверзен потег оваа година. Србинот го организираше Адриа тур на Балканот, за време на општата изолација од корона во јуни, поради што стигна до првото место на ранг-листата за Ковидиот на годината“, се додава, а во продолжение дури се наведува во изборот дека „Ѓоковиќ е најголемиот губитник од локдаунот“.

Слични содржини