Британски медиуми: Кавани останува во Јунајтед

од Vladimir Zorba
391 прегледи

Единсон Кавани сепак ќе остане во Манчестер јунајтед уште една сезона, пренесуваат британските медиуми, бидејќи е близу договорот меѓу Уругваецот и „црвените ѓаволи“ за потпишување нов едногодишен договор. Напаѓачот пристигна во Јунајтед во октомври и потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на уште една.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е задоволен од Уругваецот и сака тој да остане, а доколку се точни информациите за потпишување на новиот договор, Норвежанецот успеал да го убеди.

-Тој многу добро знае како се чувствувам за него и колку би сакал да биде со нас и следната сезона. Единсон е многу повеќе од само голгетер. Вистински лидер на теренот, кој ги придвижува сите играчи околу себе. Воодушевен сум од неговата игра. Давам се од себе за да остане. Го уверувам дека „Олд Трафорд“ е сосема поинаков со навивачи. Искрено се надевам дека ќе се увери во следната сезона – изјави Солскјер по победата над Рома со 6:2.

Слични содржини