Британски научници ја предупредија владата дека третиот бран на епидемија на коронавирус може да е веќе започнат во земјата и изразија сомнежи во врска со оправданоста за укинување на ограничувањата најавени за три недели.
Исто така, беше предупредено дека секое зголемување на бројот на новоинфицирани може да го доведе националниот здравствен систем во незавидна положба поради големиот број пациенти на кои им е потребна медицинска помош поради други болести, пренесува „Гардијан“.
Кабинетот на британскиот премиер повтори дека е рано да се шпекулира за плановите за укинување на сите ограничувачки мерки од 21 јуни, што ги натера угостителите да побараат од владата да ги информира навреме за какво било продолжување на ограничувачките мерки, пренесува „Танјуг“.
Британскиот министер за вакцинација Надим Захави не сакаше да негира дека некои ограничувачки мерки, како што е задолжително носење маски или работа од дома, можат да останат во сила, а експертите посочуваат дека работата од дома по 21 јуни сигурно ќе придонесе за намалување на бројот на новозаразени.