Британски новинар објавува книга за Меган: „Дознав неверојатни работи за неа“

од Stefanija Kuzmanovska
419 прегледи

Принцот Хари не е единствениот кој објавува книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, пишува Daily Mail.

Бауер рече дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена оваа есен.

„Научив работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе се влоши, но во секој случај ќе биде големо изненадување“, рече тој.

Нему му било тешко да добие информации, вели тој, бидејќи луѓето прилично не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле се што можеле за да го саботираат пишувањето на книгата.

„Тоа е одлична приказна. Тоа е неверојатна приказна за една жена која излезе од никаде и сега е светска личност и која згази сè на патот, што е карактеристика на многу политичари и тајкуни“, додава Бауер, кој веќе напиша неовластени биографии на медиумскиот тајкун Роберт Максвел, претприемачот Мохамед Ал-Фајед, Ричард Бренсон и политичарот Џереми Корбин.

Кралскиот експерт Нил Шон вели дека Меган е загрижена за објавувањето на книгата.

„Според информациите од многу добри извори, Меган е загрижена дека оваа книга може да ѝ го наруши имиџот. Таа е загрижена за тоа кој разговарал со Бауер и се прашува, како што истакна нејзиниот тим, колку всушност се точни овие тврдења. Во секој случај, многу повеќе луѓе веруваат дека ќе ја дознаат вистината од неговата книга отколку од мемоарите на принцот Хари“, рече Шон.

Слични содржини