Британски пензиониран тенисер објасни зошто Федерер се враќа на теренот

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Британскиот пензиониран професионален тенисер Тим Хенман смета дека Роџер Федерер се враќа исклучиво за да се обиде да стигне до најголемите трофеи.

Швајцарецот го немаше повеќе од една година, а неговиот прв натпревар ќе биде во Доха против Даниел Еванс.

„Поранешното ниво на Роџер Федерер беше високо, така што тој не се враќа само поради бројките. Тој се враќа да се натпреварува и да ги освои најголемите и најдобрите турнири. А тоа воопшто нема да биде лесно кога ќе се доближи до својот 40-ти роденден. Но тој е неверојатен, во тоа сум сигурен“, изјави Хенман за „Форбс“.

Федерер од понеделник ќе биде шести играчи во светот, бидејќи беше претекнат од Стефанос Циципас.

Минатата година тој беше на листата на „Форбс“ за најплатени спортисти во светот.

„За мене, тој е најчудесниот играч кој некогаш сме го имале во нашиот спорт. Тенисот е благословен што има икони како Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Серена Вилијамс. Тие се најголемите sвезди. Значи, имаме среќа, но тие нема да бидат тука засекогаш. Важно е да уживаме додека се уште се натпреваруваат“, истакна Британецот.

Слични содржини